Cleaneo гипскартон плочи

Перфорирани гипскартон плочи за подобра акустика и елиминирање на штетните гасови во просториите.

Кнауф Cleaneo гипскартон плочите со перфорирани или нажлебени отвори се изработени со стандарден формат или како касети, по правило со отсечени ивици од сите четири страни. Можат да бидат обоени во саканата боја.

 

Cleaneo гипскартон плочите го прочистуваат воздухот во затворените простории разградувајќи ги штетните гасови и истовремено овозможуваат одлична акустика и дизајн на просторот. Кнауф Cleaneo дејствува 24 часа на ден, притоа нема натрупување на штетни материи, ниту трошење на плочите, така што дејството е практично неограничено.

 

Начинот на дејствување на гипскартон плочите Кнауф Cleaneo се базира на природниот катализатор Зеолит (Zeolithe), кој ги разградува штетните гасови и мириси на потполно безопасни составни делови како вода и јаглерод диоксид.

 

Кнауф Cleaneo гипскартон плочите разградуваат:

  • формалдехид и ацеталдехид - (чад од цигари)
  • формалдехиди (мебел, бои, средства за чистење)
  • додецени (мириси од теписи, тапациран мебел)
  • ароматизирани јаглеводороди (растворувачи, печатен материјал, горива)
  • триетиламин (мириси од риба)
  • хлорирани јаглеводороди (средства за перење и чистење)
  • бензоли (автомобилски гасови, бои, лакови, лепаци)
  • амонијак

 

Кнауф Cleaneo се применува за обложување на ѕидови и на тавани на потконструкција, за задоволување на декоративни и акустични барања и за прочистување на воздухот.

 

ДЕТAЛИ

Овие гипскартон плочи разградуваат штетни материи:

  • Делуваат постојано 24 часа дневно и има потполно неутрален мирис.
  • Имаат забрзано дејство при движење на воздухот во просторијата (тавански вентилатор, клима уред исл).
  • За потполн ефект не се потребни други дополнителни услови (УВ-зрци).
  • Обемот и ефектот на разградување на штетните гасови зависи од нивната концентрација во воздухот, површинската обработка на плочите, типот на перфорација, движењето на воздухот и степенот на застапеност на Кнауф Cleaneo во просторот.

 

Исто така Кнауф Cleaneo ја подобрува акустиката и се користи како решение за простории со долга реверберација (ехо) при стандарден говор или музика. Плочите делуваат на два начини. Прво, дупчињата пропуштаат голем дел од енергијата да помине низ плочата и да се изгуби во просторот позади плочата, а филцот залепен на позадината на плочата не дозволува да се врати назад. Процентот на перфорација и типот на дупчињата диктираат различна впивачка моќ кај плочите.

 

Oбложување на ѕидови и на тавани на потконструкција, за задоволување на декоративни и акустични барања и за прочистување на воздухот. Кнауф Cleaneo е идеален за:

  • училишта
  • детски градинки
  • болници
  • домови за стари и изнемоштени лица
  • хотели
  • ресторани
  • канцеларии
  • коцертни и кино сали
  • јавни установи

 

Можно е свиткување, со сува и со влажна постапка.

Кај сувата постапка можно е и конвексно и конкавно свиткување. Свиткувањето се постигнува со поставување на плочата на свиткана површина и нејзино прицврстување се додека не се постигне бараната кривина.

Кај влажната постапка можно е само конкавно свиткување, а влажноста се нанесува на плочата со ваљак (јарец), наместо со бодење на површината со посебна алатка како кај неперфорираните плочи. Се употребува контролирана количина вода за јадрото на плочата да остане суво.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Knauf Cleaneo технологија
Knauf Cleaneoфевруари 2006
Опис на гипскартон Варијанта Бр. на производ EAN
Правилна кружна перфорација R 6/18 R, 12,5 x 1188 x 1998 mm црна 00071235 4003982178862
6/18 R, 12,5 x 1188 x 1998 mm бела 00071236 4003982178886
8/18 R, 12,5 x 1188 x 1998 mm црна 00071246 4003982179067
8/18 R, 12,5 x 1188 x 1998 mm бела 00071248 4003982179104
10/23 R, 12,5 x 1196 x 2001 mm црна 00071272 4003982179265
10/23 R, 12,5 x 1196 x 2001 mm бела 00071275 4003982179289
12/25 R, 12,5 x 1200 x 2000 mm црна 00071304 4003982179333
12/25 R, 12,5 x 1200 x 2000 mm бела 00071306 4003982179357
15/30 R, 12,5 x 1200 x 1980 mm црна 00071368 4003982179432
15/30 R, 12,5 x 1200 x 1980 mm бела 00071373 4003982183835
20/42 R, 12,5 x 1176 x 1974 mm црна 00169349 4003982212337
Неправилна кружна перфорација R 8/12/50 R, 12,5 x 1200 x 2000 mm црна 00071385 4003982179494
8/12/50 R, 12,5 x 1200 x 2000 mm бела 00071387 4003982183859
12/20/66 R, 12,5 x 1188 x 1980 mm црна 00071394 4003982179555
12/20/66 R, 12,5 x 1188 x 1980 mm бела 00071396 4003982179579
 

КОМПЕТЕНЦИИ