МИР. БЕЗБЕДНОСТ. ТОПЛИНА. КОМФОР. ДОМ! За најквалитетно бегство од буката и немирот на градот во прегратките на семејството

ЗА СВЕТОСТА НА ДОМОТ И НЕГОВИТЕ ПОТРЕБИ

Човекот поминува речиси две третини од денот во удобноста на својот дом. Обврска на секој архитект, планер и изведувач е тој дом да го направи што поудобен, помирен, потопол. Ваквиот дом ќе вдоми задоволни корисници, кои секое утро ќе бидат подготвени за предизвиците на професионалниот и социјалниот живот. Кнауф ќе ви помогне во тоа.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ

 

„Кнауф куќа“ е име кое опишува куќа:

  • Каде корисниците уживаат во сонот, мирот и комфорот
  • Безбедна од пожар и слични стихии
  • Со ниски сметки за ладење и греење
  • Каде звуците (говор, музика, филм) се слушаат со највисока разбирливост
  • Каде пренамените на просторот се лесни и брзи
  • Каде материјалите се рециклабилни при следната пренамена
  • Која се изведува со најмал ефект над животната средина
  • Со највисока отпорност на потреси
  • Со најздрави услови за функционирање и живот

 

Долги години им помагаме и на архитектите и на изведувачите да им овозможат ваков дом на своите клиенти. Сето тоа преку нашите системи за сува градба, фасадните системи, малтерите и глет-масите, производите произведени од најчистиот дебарски гипс, тестиран и потврдено најздрав материјал за градежништвото во светски рамки.

Од целото искуство со куќи, издвојуваме неколку предлози за ѕидови, тавани и фасадни системи за изградба на квалитетен дом.

Ѕидовите на различни позиции во куќите треба да исполнат различни функции при поделбата на просториите. Ѕидовите помеѓу дневната соба и тоалетот или бањата треба да се отпорни на влага и да имаат добра звучна изолација. Оние помеѓу спалните соби или помеѓу спалната соба и дневниот пресот треба да имаат највисока звучна изолација, бидејќи одделуваат простории со различна бучност. Ѕидот помеѓу бања и кујна треба да скрие одводни цевки и да носи тешки кујнски елементи или конзолна WC-школка од страната на бањата/тоалетот.

Еве ги нашите предлози за ѕидовите во Вашата идна „Кнауф куќа“:

 

  • Ѕид помеѓу дневна и спална или помеѓу две спални:

W112D – ѕид на единечна потконструкција од CW75-профили двослојно и двострано поплочен со Кнауф Дијамант плочи.

Ѕид со 62dB атестирана звучна заштита кој најодговорно ќе ја оддели бучната соба за дневен престој од тивката спална соба.

 

  • Ѕид помеѓу спална и тоалет:

W112i – ѕид на единечна потконструкција од CW75-профили двослојно поплочен со импрегнирани плочи од страната на тоалетот и две стандардни кон спалната соба

Ѕид со 54dB атестирана звучна изолација, доволни да ја изолираат спалната соба од звуците на тоалетот/бањата

 

  • Ѕид помеѓу кујна и тоалет или помеѓу два тоалета/бањи:

W116 – инсталациски ѕид, на двојна потконструкција поставена на соодветно меѓурастојание за премин на одводните цевки.

Ѕид со одлични 56dB атестирана звучна изолација, што во себе ќе ги прими сите инсталации на водоводот, скриеното казанче, вентилите за системите за ладење и греење и сл.

На ѕидовите е можно закачување на секаков товар. Слики, телевизори, кујнски елементи, полици, елементи за дневна соба, тешки товари како бојлери, конзолни WC-школки и бидеа. Се разбира за секој тип товар си постои начин на прикачување и обесување.

Точкестите товари (слики, телевизори, полици...) се прикачуваат со пластични или метални типли.

 

 

Сувомонтажните системи, нормално, уживаат углед и на брзо изведливи системи. Велиме нормално, бидејќи е нормално да бидат побрзи за изведба од други типови на ѕидови кои вклучуваат мокри принципи на ѕидање и завршница, а со тоа бараат и време на сушење пред секоја следна фаза.

Истата брзина на вградување ја сретнуваме и кај демонтажата на системите, па така при следната пренамена на просторот - а тоа обично се случува кога детската соба станува претесна за две деца или кога децата си одат, па сакаме да ја прошириме дневната на сметка на намалените детски соби - интервенциите ќе бидат брзи, без отпад и со повторна употреба на над 60% од материјалот што бил вграден во стариот ѕид. Изолацијата е истата, профилите се истите, а при педантна изведба, голем дел од гипсените плочи ќе можат да бидат употребени и на новата локација на ѕидот.

Фасадните ѕидови историски во Македонија вклучувале некаков градежен блок. Керамички или лесен поробетонски. Во последниве години поставувањето на слој од изолациски материјал, во систем на контактна фасада, веќе е дел и од законите за енергетска ефикасност, поставувањето на слој од изолациски материјал, во систем на контактна фасада. Поставувањето на околу 10cm полистирен или камена волна ја решава потрошувачката на енергија на објектот, а употребата на Кнауф гипсените глет-малтери на внатрешната страна овозможуваат здрав и квалитетен живот покрај трајно бели Кнауф ѕидни површини.

Смееме да Ви го предложиме следниот чекор на фасадните ѕидови?

Сувомонтажен фасаден ѕид. Да, пак Кнауф ѕид! Кнауф W333!

 

Единечна конструкција од челични CW100-профили, поплочени со ПП гипсени плочи од внатрешната страна и високоимпрегнирана гипс-фазер Vidiwall HI плоча, со дебелина од 15mm од надворешната страна. Системот дополнително се обработува со контактна фасада (КСИНТИ), со изолациски материјал по избор (камена волна, полистирен...).

Системот вклучува минимална дебелина од 16cm изолациски материјал, што го носи системот до ниските 0,22W/m²K изолација, за најниско ниво на потрошувачка за ладење и греење на објектот.

Добивате лесен (околу 60kg/m²) фасаден ѕид, што значи поголема сеизмичка отпорност на објектот, а противпожарноста и термичката изолација на објектот го прават овој систем применлив и во пасивните објекти (А+), кои достигаат годишна потрошувачка на енергија и до под импресивни 15kW/m².

Искористете го системов за постигнување на ново ниво на квалитет во комфорот и енергетската ефикасност.

Иако таваните во приватните, семејни куќи се дел само од естетиката на објектот, не значи дека истите не можат да добијат и друг, досега скриен и неупотребуван квалитет и позитивно да влијаат на квалитетот на живот во куќите.

Ајде да почнеме од акустичката обработка на просториите. Денес е модерно, во домовите да се користат тврди подови, без килими или теписони. Вградуваме големи прозорци за да имаме убав поглед на околината. Завесите ни пречат, па неретко и ги избегнуваме. Висините на таваните растат со нашите современи идеи за комфор. Сето ова влијае на акустиката на просторот. И најтивкиот говор добива одек (ехо), па и разбирливоста на музиката и филмовите се намалува.

Употребете ги нашите Клинео плочи, за акустично да ја обработите дневната соба. Слушнете го говорот на Вашите најблиски или на Вашите гости. Погледнете го долгоочекуваниот филмски хит со најквалитетен звук во просторијата. Слушнете го Вашиот омилен музички албум во најквалитетно ниво на звук. Вие или Вашиот клиент.

Дизајнирајте ги просторот, облагородете го, а ефектот на прочистување на воздухот од штетни гасови и мириси, вграден во нашите Клинео плочи ќе гарантира трајно здравје со секој следен здив.

 

Стандардните гипсени плочи, комбинирани со искусните и вешто раце на монтерите ќе донесат висока естетика во вашите тавански површини. Каскади, скриени светла, рамни или закривени површини и сл.

Во тоалетите, употребете импрегнирани гипсени плочи, за да добиете рамна и влагоотпорна гипсена површина, која над себе ќе ги скрие цевките од горниот тоалет/бања и ќе нè изолира од звуците на течење на вода низ нив.

Контактната фасада или КСИНТИ (Композитен СИстем за Надворешна Термичка Изолација, како што е правилно) е систем на изолирање на објектите, кој покажа одлични резултати на нашето поднебје. Не е случајно дел и од македонската регулатива. Кнауф е производител на цементни материјали за лепење и обработка на ваквите фасадни системи.

 

Изборот кај куќите, првенствено е помеѓу типот на употребената изолација. Најчесто употребувани материјали се полистиренот (популарно наречен стиропор) и камената волна. Секој од нив со своите предности е избор на архитектите, а Кнауф предлага различни материјали за фиксирање и обработка на овие две изолации.

Системот за изолација со камена волна вклучува паропропусни лепила и посебни завршни материјали (силикатни, силиконски или силикатно-силиконски), а кај системот со полистирен – стандардни цементни лепила и акрилен завршен слој.

 

Кнауф материјали за систем со полистирен:

  • Кнауф Klebespachtel или Styrokleber
  • Мрежа за армирање
  • Кнауф Аddi

 

Кнауф материјали за систем со камена волна:

  • Кнауф Klebespactel M
  • Мрежа за армирање
  • Kнауф Katti или Koni

 

Нашите завршни материјали доаѓаат во палета од над 800 нијанси на бои, распоредени во три категории на нијанси, според својството на впивливост на сончевата енергија. Најтемните нијанси препорачуваме да се користат само во системи со камена волна.