Кнауф во Македонија

Кнауф во Македонија е основан во јуни 1994 година како комерцијално-техничка канцеларија надлежна за македонскиот пазар. Во 1997 г. Кнауф откупува акции во фабриката Радика во Дебар и започнува со изградба нова модерна и моќна фабрика.

Кнауф, трета деценија во Македонија

Македонија е една 80-те земји во светот каде Кнауф е застапен и со производство и со продажба на градежни материјали.

Кнауф Македонија е предводен од регионалниот менаџер на Кнауф, г-дин Тодор Деловски, кој е одговорен за Кнауф во југоисточниот дел на Европа.

Канцеларијата во Скопје, која е присутна во Македонија од 1994-та година и еодговорна за продажбата на Кнауф материјалите од производството од било која од 200-те фабрики низ светот, е техничко-маркетиншки сервис на клиентите. Таа вработува 14 лица, специјализирани за различни делови на продажбата. Дел од тимот во Скопје се:

  • Велимир Петровски, д.м.и – раководител на продажба во Кнауф Македонија

    [email protected]

  • Дарко Бакрачевски – раководител на програмата за сува градба

    [email protected]

  • Александар Николовски – раководител на програмите за мокра градба, фасади, поплочување и градежна хемија

    [email protected]

  • Блажен Зотовски, д.и.а – техничко-маркетиншки советник за системите за сува градба

    [email protected]

  • Јусо Пепиќ - Пепо – инструктор и техничко-комерцијален советник за системи за малтерисување и глетување

    [email protected]

  • Бојан Јоцевски – комерцијален советник за системите за сува градба

    [email protected]

  • Сергеј Јанчевски, комерцијален советник за системите за сува градба

    [email protected]

  • Емир Љатифи – комерцијален советник за прашкасти производи

    [email protected]

  • Александра Дограмаџиева – специјалист за маркетинг

    [email protected]

Секој од тимот е специјалист за делот што го води, за системите, за материјалите и за можностите на истите. Долгогодишното искуство во комерцијалниот и технички дел на Кнауф системите ги прави совршен партнер за консултација и планирање на објектите. Одговорноста на Кнауф ја покрива целата територија на Македонија и сите Ви стојат на располагање за какви било прашања од нивната специјалност.

Услуги за купувачите (Customer Service):

  • Благица Павловска– асистент на генерален директор

    [email protected]

Слободно обратете им се за информации од нивната специјалност и расчистете каква било дилема со начинот на работа на Кнауф.

Во 1997-ма година, завршуваат долгогодинешните преговори со фабриката Радика – Дебар и Кнауф, на местото на старата фабрика ја отвора најсовремената фабрика за производство на гипсени плочи, задржувајќи ги сите вработени и осовременувајќи ги нивните знаења и умеења.

Производната палета полека се проширува со повеќе нови производи, челични профили, прашкасти материјали, малтери, глет маси, маси за исполна, подни кошулки, подни материјали за порамнување, итн. Фабриката ја користи најквалитетната гипсена руда од наоѓалиштата во околината на Дебар и е една од најнаградуваните на светско ниво во Кнауф групацијата.

Дел од тимот на Кнауф Радика се:

  • Абди Доволани, раководител на производство

    [email protected]

  • Tодор Ѓорѓиевски, раководител на финансии

    [email protected]

  • Авни Борова, раководител на кадровски прашања

    [email protected]