ЗДРАВЈЕ СО КНАУФ За дом во кој растат здрави генерации

КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НИЗ СОСЕМА НОВА ПРИЗМА

Просечен човек поминува повеќе од 14 часа во својот дом. Домот е секако место за одмор, а во современиот живот и место за бегство од стресот на професијата, градот и стресот. Домот, веќе не само што треба да нè стопли и опушти со неговиот мир туку треба да биде и загарантирано чиста средина, што ќе овозможи здрав воздух со секој здив на долг рок. Токму такви услови овозможува Кнауф гипсот.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ:

Гипсот потекнува од длабоките слоеви на земјата, а настанат е пред околу два милиони години, како седимент на дното на морињата. Денес тој и ни покажува каде сè се простирале праисториските мориња и океани. Конечно, гипсот и ние - луѓето доаѓаме од истите мориња, па и нормално е да се очекува да имаме многу заеднички работи.

Гипсот има иста pH вредност како и човечката кожа, а и ист коефициент на паропропусност. Што значи тоа? Тоа е потврда на прашањето зошто се користи во медицината и ортопедијата? Затоа што повредената човекова рака или нога, обложена во слој од гипс, ќе го задржи истото темпо на потење и вентилирање како и голата кожа. Влагата која излегува од човековата кожа, брзо и лесно го преминува гипсот и испарува во околината. Замислете си го ефектот кога раката би била обложена со друг тип на материјал. Цемент, пластика, вар...

Истиот ефект се случува и во ентериерите. Удобната влага се движи окоу 40-60%, а поради начинот на фунционирање на еден простор, често се случува да ја помине границата на удобност. Во вакви случаи, Кнауф гипсените материјали секогаш го одземаат вишокот влага во просторијата и ја враќаат удобноста во истата.

Вишокот влага тие го исфрлаат надвор од објектот, доколку фасадниот систем тоа го дозволува (во случај да е контролирана пародифузноста на фасадниот систем) или ќе го вратат во просторот во моментот кога влагата ќе падне под удобните 40%. Ова е вродено однесување на гипсот, како минерал, овозможено од неговиот хемиски состав:

 

Гипс = CaSO4 + 2H2O (калциум сулфат со две слободни молекули на вода)

 

Гипсот од Кнауф производите пак, ни доаѓа од длабочините на нашата гордост, Дебарските рудници за алабастер, кои ни го даваат најквалитетниот гипсен минерал.

Секако, минералот не поминува непроверен во нашите производи, туку е дел од континуираното тестирање, што го вршиме и во нашите фабрики, како и во најстрогите и најголеми светски лаборатории за тестирање на биологијата на нашите материјали.

Една таква лабораторија е IBR во Розенхајм, Германија, која континуирано на нашите производи им го издава сертификатот за беспрекорност.

Нивниот печат означува целосно отсуство на тешки метали, лесноиспарливи штетни материи, радијација и биоциди во нашите производи.

Нешто што не само што зборува за квалитетот на нашите производи, туку и за одговорноста која ја чуствуваме кон нашите корисници.