Болници

КНАУФ ГИ ГРАДИ НАЈСОВРЕМЕНИТЕ ПРИМЕРИ НА БОЛНИЦИ

Проектирање на болница е еден од најкомплексните предизвици за модерниот архитект. Во својот проект тој мора да ги вклопи барањата на регулативата, највисоките барања за комфор и мир на пациентите и на персоналот во болницата, а притоа не смее ни најмалку да ја ограничи оригиналната мисла на архитектот. При сето ова, не смееме да заборавиме на противпожарноста на предвидените елементи, на нивото на хигиена при нивното одржување и сл.

Болници

Куќи

ЗА СВЕТОСТА НА ДОМОТ И НЕГОВИТЕ ПОТРЕБИ

Човекот поминува речиси две третини од денот во удобноста на својот дом. Обврска на секој архитект, планер и изведувач е тој дом да го направи што поудобен, помирен, потопол. Ваквиот дом ќе вдоми задоволни корисници, кои секое утро ќе бидат подготвени за предизвиците на професионалниот и социјалниот живот. Кнауф ќе ви помогне во тоа.

Куќи

Станбени згради

ЗА СОСЕДОТ ДА ТИ ОСТАНЕ ПРИЈАТЕЛ

Човекот поминува речиси две третини од денот во удобноста на својот дом. Обврска на секој инвеститор и градител на станбена зграда е секоја станбена единица да биде удобна, мирна, топла. Квалитетниот стан не е само мир од забелешки и рекламации од купувачите. Тој е и најдобра, усна реклама од задоволните купувачи и ширење на приказната за инвеститорот кој квалитетно им го решил домувањето на своите купувачи, на своите вечни пријатели.

Станбени згради

Училишта и градинки

КВАЛИТЕТЕН ЗВУК, ТОПЛИНА И БЕЗБЕДНОСТ

Познавачите на детската психологија велат дека послабите ученици не се ученици со помала моќ на сфаќање туку со помала моќ на концентрација и разбирливост на предавањата. Кнауф има децениско искуство во создавањето удобен и квалитетен простор, во кој образовниот систем ќе произвдедува млади умови жедни за успеси и напредок.

Училишта и градинки

Хотели

КНАУФ МИР И КНАУФ УДОБНОСТ

Најспецифичното во планирањето и изведбата на хотелите се строгите очекувања од нивната звучна, термичка и противпожарна изолација. Кога гостинот ќе влезе во хотел, каде било во светот, тој во рацете на брендот на хотелот го става својот мир, спокој, релаксација, некогаш својата професија, напредокот во неа, забавата, итн. Во желбата за највисоко задоволство на гостите, нема место за компромис.

Хотели