ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА Уметноста на мирот и тишината

КНАУФ ИСКУСТВОТО ВО СÈ ПОГЛАСНИОТ СВЕТ

На најголем дел од звуците кои не опкружуваат не можеме да влијаеме. Не можеме да влијаеме на нивниот интензитет, ниту пак на времето од денот во кој се појавуваат. Затоа, звучната изолација станува најважен фактор на мир и успешност во просторот за живот, работа и општо во квалитетот на животот. Моќта на звучна изолација на Кнауф системите им овозможуваат на корисниците, архитектите, изведувачите и инвеститорите на објектите решенија кои ги надвишуваат и најстрогите норми и правилници.

ОСНОВИ НА ЗВУЧНАТА ИЗОЛАЦИЈА

НАЦИОНАЛНИ ПРАВИЛНИЦИ

Во Македонија, сеуште е активен правилникот за звучна изолација во објектите, донесен во Ноември 1989-та година и издаден во службениот весник бр.67 од истата година, со кој за релевантен документ со минимални параметри за звучна изолација е прогласен југословенскиот стандард JUS U.J6.201. Стандардот денес е повлечен од употреба, но сеуште е актуелен дури и во регионов, поради нацилналниот правилник кој го цитира овој стандард.

- Член 1 од актуелниот национален правилник за акустика во високоградбата.

- Извадок од правилникот, кој ја нормира минималната измерена звучна изолација во станбени објекти.

 

Практично, минималните параметри на звучната изолација се на субјективната граница помеѓу мирниот живот за корисниците на становите и немирот кој би го имале при нарушувањето на изолацијата со послаб систем на преграден ѕид.

Кнауф системите на преградни ѕидови покриваат извонредно широка палета на звучна изолација. Од системот W111, кој започнува со атетсирана изолација од околу 45dB, до системи со над 80dB моќ на изолација, кои се употребливи при поделба на кино сали, дискотеки, сали за свадби, итн.

- Кнауф W112, најчесто користениот Кнауф преграден ѕид.

Системите вклучуваат стандардни CW профили или подобрени MW профили, различни типови на плочи, кои по моќта на свучната изолација која ја донесуваат во системите почнуваат од стандардната А13 плоча. Подобра звучна изолација се постигнува со ПП плочата од DF тип, па масивните, гипс-фазер и Дијамант плочите, до максималната моќ на изолација на Silentboard плочата.

- Кнауф MW-профил за системи со највисока звучна изолација.

Симнете го и погледнете го новиот W11.мк технички лист, за јасен приказ на звучната изолација во најчестите Кнауф системи на преградни ѕидови или листот W14, за системи со екстремно висока звучна изолација.

Ѕидните облоги, употребени при санација на слабо изолиран ѕид или како систем во новоизграден објект, донесува големо подобрување на ѕидот кој го облагаат. Различните типови на профили (CW за независна конструкција или CD за систем прикачен на носивиот ѕид) и различните типови на плочи, донесуваат различни ниво на звучна изолација.

- Кнауф W625 ѕидна облога на потконструкција од CW-профили

Искористете го нашиот препорачан систем W624, на потконструкција од CD-профили, со двојна облога од Дијамант плочи, за постигнување на висока звучна изолација и решавање на проблемот со бучниот сосед во зградата.

Погледнете го актуелниот технички лист W62, за увид во изолациската моќ на најчестите Кнауф системи на ѕидни облоги и облоги на канали.

Освен за естетска намена, добро испланираниот Кнауф спуштен таван носи најголеми дел од звучната изолација, која треба да ја заштити Вашата приватност и приватноста на соседот над Вас.

- Стандарден Кнауф спуштен таван

Системите на Кнауф покриваат решенија на обесени или самоносиви системи, кои можат да вклучат било која плоча од Кнауф палетата и да создадат простор заштитен од различни нивоа на бука.

Комбинирањето на тавански систем, по принцип “таван-под-таван” комбинира системи со различни градежно-физички својства (звучна изолација, противпожарност, термичка изолација, акустика, итн.)

- Акустичен Cleaneo таван, изведен под таван со висока ПП заштита.

Погледнете го актуелниот технички лист D11, за увид во моќта на звучна изолација кај Кнауф таваните.

Со подните системи, повторно се влијае на вкупната звучноизолациска моќ на целосниот поден систем. Кнауф ви нуди системи на суви кошулки и системи на подигнати подови.

Како систем, вклучуваат сув насип од програмата на Кнауф или цврсти гипс-фазер подни плочи Vidifloor. Нудат висока звучна, како и термичка изолација.

Подигнатите подови пак, можат да оформат совршено рамна површина или да оформат цело гледалиште, на база на дебели и носиви гипс-фазер елементи, поставени на цврста и атестирана Кнауф потконструкција од челични ногарки и вкрутувања.

Звучната изолација ва овие системи зависи од дебелината на гипс-фазер панелот, а може да се прочита во техничкиот лист F19.mk.