W112C.mk Cleaneo® акустични ѕидови

Kнауф Cleaneo® акустичен ѕид, на CW-профили и облога од Дијамант и Cleaneo плочи, за звучна изолација, противпожарна заштита и акустика.

Kнауф Cleaneo® акустичниот ѕид е револуционерен комбиниран систем на Кнауф, кој комбинира различни плочи, за исполнување на најстрогите барања за акустика, звучна изолација и ПП во објектите, како на пр. училишта, факултети, градинки.

 

Подрачје на примена

Во училишта, канцеларии и простории каде не смее да има компромис помеѓу квалитетот на звукот, звучната изолација помеѓу просториите и противпожарноста како еден од приоритетите кога се работи за вакви објекти. Дијамант плочите во системот ја овозможуваат звучната изолација и противпожарноста.

СИСТЕМИ

W112C.mk Кнауф Cleaneo акустичен ѕид

Металната потконструкција на системот W112C е еднострано поплочена со две Дијамант плочи, а од другата страна комбинација од Дијамант и Cleaneo, за исполнување на барањата на позицијата.