Vidiphonic гипсфазер плоча
Гипсвлакнеста плоча за највисока изолација
Кнауф „Vidiphonic“ е гипсвлакнеста плоча со висока густина, со исклучителни својства на звучна изолација во комбинација со цврстина. „Vidiphonic“ има особено голема звучно-изолациска ефикасност во опсегот на ниски фреквенции, зголемена цврстина на површината (отпорност на удар), зголемена носивост при конзолни оптоварувања, како и способност за апсорпција на структурни сили и статичко засилување.
„Vidiphonic“ плочата се користи во нова и стара градба, во системи за преградни ѕидови, ѕидни облоги, меѓустанбени преградни ѕидови. Системите „Vidiphonic“ нудат решенија за звучна изолација во конференциски и музички сали, кина, музички и радио студија, детски градинки и училишта, како и за намалување на индустриска бучава.
Предности:
- Хомогеност
- Висока цврстина во двете насоки
- Висока густина од 1.100 до 1.400 kg/m3
- Незапалива A1 или A2-s1, d0
- Можност за примена во специјални системи