K15.mk Ѕидни облоги за заштита од Рентгенско зрачење

Ѕидна облога на челична потконструкција, еднострано обложена со плочи за заштита од Rö-зрачење.

Во објекти каде се користи Рентгенското зрачење за дијагностика или терапија, најважна е изолацијата на просториите каде се користи зрачењето од околните простории.

 

Подрачје на примена

Позиции за заштита од Рентгенско зрачење, каде употребата на сувомонтажни системи значи унапредување на квалитетот на градбата. Искомбинирајте ја ефектната Кнауф Safeboard баритна плоча, комбинирана со Кнауф Дијамант плоча за физичка заштита на системот, за да добиете лесна и тенка бариера за штетните X-зраци. На позиции каде се штитиме од силни дози на радијација, а просторот не дозволува употреба на повеќеслоен систем, решението го нудиме преку гипсените плочи со вграден слој од олово (Pb), со дебелина од 0,5-3,0mm (дебелина на плоча, 12,5mm).

СИСТЕМИ

K151S.mk Кнауф Safeboard облоги на CD-потконструкција

Системот се поплочува со одреден број на слоеви од Safeboard плочи, кој одговара на пресметката на потребната заштита.

K152.mk Кнауф Safeboard облога на CW-потконструкција

Системот е самостоечки, на CW-профили и се поплочува со одреден број на слоеви од Safeboard плочи, кој одговара на пресметката на потребната заштита.

K151B.mk Кнауф облоги со олово-гипсени плочи

Олово-гипсените плочи нудат можност за заштита со еднослојно поплочување, со дополнително поставување на самолеплива оловна лента со соодветна дебелина, на местата на споевите на плочите.