K131.mk Ѕидови за заштита од Рентгенско зрачење

Метална потконструкција, двострано поплочена со гипсени плочи за заштита од Рентгенско зрачење.

Во објекти каде се користи Рентгенското зрачење за дијагностика или терапија, најважна е изолацијата на просториите каде се користи зрачењето од околните простории. Изложеноста на Рентген зраци предизвикува смртоносни промени во човечкиот организам.

 

Подрачје на примена

Искомбинирајте ги Кнауф Safeboard плочите за заштита и цврстите Дијамант плочи за механичка заштита на Safeboard плочите, за да добиете тенок и лесен заштитен ѕид, кој во секој објект ќе внесе гарантирана одбрана од штетните Рентгенски зрации, повеќе простор и извондерна изолација од звук и пожар.

 

За заштита со еднослојни системи, ги препорачуваме Кнауф гипс-оловните плочи за заштита, со дебелина на оло од 0,5-3 mm.

СИСТЕМИ

K131S.mk Кнауф Safeboard преграден ѕид

Преграден ѕид на единечна потконструкција, обложен со Safeboard плочи и фугиран со баритен материјал Кнауф Safeboardspachtel. Системот има висока звучна заштита, а поради противпожарниот состав на Safeboard плочата, системите располагааи и со висока ПП заштита.

K131B.mk Кнауф преграден ѕид со гипс-оловни плочи

Системот постигнува висока заштита од Рентгенско зрачење и со еднослојно поплочување со гипс-оловни плочи, со дебелина на оловен слој од 0,5-3mm.