K112.mk тавани за заштита од Рентгенско зрачење

Системи на спуштени тавани, поплочени со гипсени плочи за заштита од X-зраци.

Заштитата од Рентгенско зрачење значи заштита на просторијата од сите страни кон кои се очекува да зрачи Рентгенската цевка. Една од најважните површини е таванската. Кнауф нуди заштита на таванските системи со оловни и безоловни (баритни) плочи.

 

Подрачје на примена:

Тавани подложни на Рентгенско зрачење. Простории за Рентгенска дијагностика и терапија.

 

СИСТЕМИ

K112S.mk Кнауф Safeboard, на метална потконструкција од CD-профили

Системот се поплочува со одреден број на слоеви од Safeboard плочи, кој одговара на пресметката на потребната заштита.. Предност на системот е лесната и брза монтажа, а поради зголемената маса на системот, се добива и висока звучна изолација.

K112B.mk Кнауф гипс-оловни плочи, на тавански систем на CD-профили

За еднослојно решение на позиција каде се бара заштита од силно зрачење и дебел слој од олово како еквивалент на потребната заштита.