D19.mk Kнауф дизајн на тавани. Свиткување, кроење, куполи.

Кнауф дизајнот на тавани, постигнува високо ниво на естетика, префабрикација и значи кратко време за монтажа на системи со комплексни облици.   Подрачје на примена Модерни објекти и простории, каде…

Кнауф дизајнот на тавани, постигнува високо ниво на естетика, префабрикација и значи кратко време за монтажа на системи со комплексни облици.

 

Подрачје на примена

Модерни објекти и простории, каде дизајнот на таваниците не смее да значи повеќе време за монтажа, компромис со естетиката, неисполнување на градежно-физички барања и сл. Кнауф овие системи ги произведува на база на CAD-цртежи, доставени од купувачите.

СИСТЕМИ

D191.mk Техники на кроење

Во зависност од дизајнот на елементот, плочитесе кројат во I-форма и V-форма. Системот гарантира рационално користење на плочите и профилите. Иновативност без ограничувања.

D192.mk Техники на свиткување

Со производство на закривени профили и лесна можност за свиткување на плочите по сув или влажен принцип, изразувањето на архитектите достигнува ново ниво на естетика и иновација кај Кнауф системите.Искуството на Кнауф е огромно, а ваквите интервенции станаа секојдневие во модерните ентериери.

D193.mk Дизајн на куполи

Еден од најстарите облици на тавани, изведен со модерната сувомонтажна технологија, за лесен и маркантен дизајн на површините. Сте биле во новиот Македонски Народен Театар? Се гордееме со големата купола во главната сала на театарот.