D13.mk Kнауф самоносечки спуштени тавани

Кнауф самоносечките тавани, се системи кои се носат на ѕидовите во една просторија и немаат потреба од обесување на носечкиот таван. Системот се носи на единечни или двојни Кнауф CW-профили….

Кнауф самоносечките тавани, се системи кои се носат на ѕидовите во една просторија и немаат потреба од обесување на носечкиот таван. Системот се носи на единечни или двојни Кнауф CW-профили.

 

Подрачје на примена:

Како подобрување на противпожарноста на конструкции од трапезен лим, дрвени конструкции. Како систем за намалување на висината на простории со неносиви тавани. За подобрување на звучната изолација на меѓукатните конструкции и сл. Системот постигнува ПП заштита до 90 минути.

СИСТЕМИ

D134.mk Кнауф Cleaneo® ПП-акустичен самоносив таван

Таван на двојна CW-потконструкција, D134.de, помогната со федер-профил, поплочена со Кнауф Cleaneo акустични плочи кон коринсиот простор и ПП плочи кон степиот простор, за ПП заштита до F30, во насока одоздола/нагоре и одозгора/надолу.

D137.mk Kнауф Cleaneo® акустичен самоносив таван

Системот D137.мк е изведен на потконструкција од CW-профили и е поплочен со акустични Cleaneo плочи за подобрување на акустиката во корисниот простор под системот.

D131.mk Кнауф самоносив таван

Стандардна изведба на самоносивите тавани, со гипсени плочи од долната страна, прикачени на CW-профили за звучна изолација на таванот, ПП заштита до F30 и максимална ширина на системот до 5m.

K219.mk Kнауф самоносив Fireboard A1 таван

Самоносивиот K219.мк систем, нуди до F90 ПП заштита од долната страна и максимална ширина на системот до 4m.