D11.mk Kнауф спуштени тавани

Спуштени тавани и системи на таван-под-таван.

Kнауф спуштените системи се базирани на двојна челична потконструкција, поплочена со гипсени плочи. Многуте варијанти и комбинации на системите нудат широка палета на решенија за различни потреби на таваните.

 

Подрачје на примена:

Спуштени тавани за исполнување на естетиката или одредена функција во просторот. Звучна изолација, противпожарност, дизајн. Висината на спуштање е повторно варијабилна според потребата и очекувањата од таванот.

СИСТЕМИ

D111.mk Кнауф спуштен таван на дрвена потконструкција

Системот D111.мк вклучува дрвена потконструкција, поплочена со одреден тип на гипсена плоча.

D112.mk Кнауф спуштен таван на двојна челична потконструкција

Стандарден D112.мк спуштен таван на двојна потконструкција од CD-профили, меѓусебно клизно поврзани и поплочени со одреден број и тип на гипсени плочи.

 

Типот на гипсена облога ги одредува изолативните моќи на системот, неговата тежина, густината на потконструкциите (монтаѓната и носивата) итн. Можна е ПП заштита до 120 минути.

D113.mk Кнауф спуштен таван на двојна челична потконструкција во едно ниво

Системот D113.мк ја има истата статика како и D112, со помало минимално спуштање на системот и со употреба на CD-профили и ткн. ниво-спојка.

D116.mk Kнауф спуштен таван на појачана UA-потконструкција (UA+CD)

Системот D116.мк има голема носивост и често се употребува во системи кои се облагаат со Fireboard ПП плочи. Системот има голема тежина и препорачано се обесува со Nonius држачи со голема носивост (0,4kN). Системот, во комбинација со Fireboard плочи (2х25mm) има ПП заштита и до 120 минути.

Детали

Downloads

шифраознакадатапреземи
D11 – Кнауф спуштени таваниаприл 2019PDF