Кога е важно, каде што е важно, издржлив како Кнауф

Кога е важно, каде што е важно, издржлив како Кнауф

When it matters, where it matters, as resilient as Knauf

Минатата недела, поточно на 28-29 Септември се одржа 20тиот Симпозиум на ДГКМ, со тема на симпозиумот “Отпорни конструкции”. Темата беше во знак на одбележување на 60-годишнината од Скопскиот земјотрес како историски моќен потсетник за значењето и одговорноста на професионално делување на градежните конструктори, и 74-годишнината од основањето на Градежен факултет при УКИМ во Скопје.

Поддршка на 20тиот Симпозиум на ДГКМ даде и Кнауф, а учество на симпозиумот зема нашиот колега Блажен Зотовски кој со својата презентација се надоврза на темата во областа на асеизмичкото проектирање со системите на сувата градба на Кнауф, поконкретно во темата Современи методи за проектирање и изведба на конструкции.

Го презентиравме импактот што го имаат земјотресите врз конструкциите и исполните на објектите изградени со Кнауф преградните системи. Очигледни се бенефитите од намалената тежина при користење на на Кнауф системите : помало оптоварување се пренесува на потпорната конструкција, има пониско самооптоварување на компонентата поради сеизмичкото оптоварување во страничен правец во однос на рамнината на компонентата, и помала потенцијална опасност во објектот во однос на лични повреди и оштетувања.

Презентацијата може да се превземе на следниот линк: When it matters, where it matters, as resilient as Knauf

Ова е линк до презентацијата на Кнауф на настанот  MASE20 - 20th INTERNATIONAL SYMPOSIUM - "RESILIENT STRUCTURES"- DAY 2 - YouTube

#Knauf #СистемизаСуваГрадба #gipskarton #CommittedToSafety #KnaufMacedonia#иновација #dgkm #otpornikonstrukcii #resilientstructures #resilientasKnauf #mase20