Aquapanel Outdoor плоча

Водоотпорна лесна цементна плоча за надворешна употреба.

Плочата Aquapanel® Outdoor е единствено алтернативо решение за вообичаените градежни материјали при проектирање и изработка на надворешните ѕидови и фасади. Не ја менува димензијата, останува тврда, цврста, материјалот не се троши. Особено стабилна и отпорна плоча што брзо и едноставно се монтира. Системот на надворешни ѕидови обезбедува трајна, водоотпорна и постојана конструкција која истовремено има голема моќ на топлинска изолација. Aquapanel® Outdoor е идеална за поправки, адаптации и изработка на нови фасади во приватни и јавни објекти.

 

Со употреба на плочите Aquapanel® Outdoor за изведба на надворешни ѕидови останува поголем внатрешен простор во споредба со класичната, масивна градба. Иако со помала вкупна дебелина на ѕидот со Aquapanel® Outdoor, се изработуваат цврсти и сигурни ѕидови кои имаат низа предности во однос на подебелите масивни ѕидови. Со помала дебелината на ѕидот се добива поголем внатрешен простор со истовремена гаранција за барањата за топлинска заштита на објектот. Класа на противпожарност А1 според DIN 4102.

ДЕТAЛИ

  • Водоотпорност на материјалот
  • Отпорност на метеоролошки влијанија
  • Долговечност на материјалот
  • Единствена техничка обработка со сечење
  • Економична работа
  • Несогорување на материјалот
  • Докажани и потполни системи

За употреба во вентилирани фасади, фасади со оригинални форми, настрешници, стреи, огради и сл. Тестирана во најсурови временски услови, со ЕТА Европска техничка дозвола за употреба.

 

Опис на производ Должина (mm) Дебелина (mm) Бр. на призвод EAN

Aquapanel-Outdoor
водоотпорна лесна
цементна плоча-за надвор


широчина 1200 mm

 2400  12,5 00103616 4260021861226