Кнауф Aquapanel решенија за мокри простории и фасадни системи. Највисоко ниво на заштита од влага.

Дополнителни информации за семинар
Семинарот е погоден за: архитекти и градежни инженери
Место: Кнауф Скопје
Започнува: 12:00 часот
Траење: 2 часа
Број на слушатели: 24
Материјали: Брошури и технички листови за материјалите.

Инженерскиот свет препознава влажни и мокри простории, а Кнауф на тоа одговара со Кнауф Импрегнирани гипсени плочи и Кнауф Aquapanel цементни плочи, со цела палета на помошни материјали кои одговараат на повишената влага во влажните простории или агресивната влага во мокрите простории.

Базени, СПА-центри, бањи. Простории со 100% влага во 100% од времето. Агресивна средина, во која стандардните системи би имале краток век на траење и каде се бара повисок квалитет и од профилите за потконструкцијата, од шрафовите, материјалите за исполна и материјалите за завршна обработка.

Кнауф ја нуди безбедноста на долг рок, преку своите Aquapanel системи. Дозволете да ви го претставиме инженерингот позади Aquapanel системите, како посоодветно би ги искористиле во Вашите проекти.

Регистрирајте присуство на овој семинар