Музеј Ке Бранли, Париз

На само 200 метри од Ајфеловата кула во Париз се наоѓа спектакуларниот Музеј Ке Бранли (Musée du quai Branly), музеј на уметноста на домородните култури од Африка, Азија, Окејанија и Америка. Архитектот Жан Нувел предвиде голем аудиториум, отворен кон дворот на музејот, со цел да се користи во текот на летото за изложби и други случувања на отворено. Затоа за таванот на аудиториумот мораше да се користат материјали отпорни на сите метеоролошки фактори, без притоа да претрпат било какви промени на изгледот. Дополнително, архитектот инсистираше на идеално мазни површини и врвна естетика. Решението дојде во форма на Knauf Aquapanel Outdoor, лесни водоотпорни плочи, постојани и отпорни на сите надворешни атмосферски влијанија.

Локација