Историски развој

Историја

1932

Фирмата Gebr. Knauf Westdeutsche Gipswerke е основана во 1932 година од страна на браќата Др.Алфонс и Карл Кнауф. Двајцата биле штотуку завршени рударски инженери, претприемачки настроени и подготвени на ризици.

1932 - 1960

1949: Во Ипхофен, Долна Франконија, локација позната по богатите наоѓалишта на гипс, Кнауф отвора нова гипсара.

1958: Почнува со работа првата фабрика за гипс-картонски плочи на Кнауф.

1960 - ти

1960: На пазарот се појавува Knauf Rotband, првиот фабрички подготвен сув малтер.

1964: Со гипсениот малтер за машинско нанесување MP 75, Кнауф наметнува нов стандард, кој важи и до денес.

1980 - ти

1980: Кнауф ја воведува првата самонивелирачка подна кошулка на база на калциум сулфат.

1981: Специјалната гипсена плоча Knauf Fireboard за висококвалитетна противпожарна заштита го проширува портфолиото на производи за сува градба.

1989: Под паролата „Go East“ Кнауф се насочува кон постепено развивање на пазарите во поединечни држави на Средна Европа.

1990 - ти

По Словенија и Хрватска во 1990 година, веќе во 1993 се прошируваат активностите на Кнауф во Романија и Бугарија, а во 1994 година се отвараат претставништва во Македонија, СР Југославија, БиХ, Албанија и Египет.

Кнауф денес

Од првата гипсара на Сар и Мајна, Кнауф се прошири и се разграни во светска корпорација со повеќе од 150 фабрики, во повеќе од 50 земји и со над 23.000 вработени на целата планета.