Нови производи за хидроизолација

H PRO 100
Еднокомпонентна полимер-цементна хидроизолација

 

Карактеристики:

  • Паропропусност
  • Добра адхезија
  • Ниска апсорпција на капиларна влага
  • Потрошувачка: 1,6 kg/m2/mm

Подрачје на примена:

  • Надворешни страни на подрумски простории
  • Внатрешни страни на подрумски простории со пониски негативни притисоци
  • Лифтовски окна
  • Канали за наводнување
  • Бетонски резервоари
  • Резервоари за отпадни води
  • Резервоари за вода за пиење (подлежи на законодавството во земјата во која се применува)

 

 

H PRO 200
Двокомпонентна флексибилна полимер-цементна хидроизолација

 

Карактеристики:

  • Флексибилност
  • Водонепропусност
  • Добра адхезија
  • Го заштитува бетонот од карбонизација и влијанието на соли
  • Може да се нанесува со четка и глетарка
  • Потрошувачка: 2 kg/m2/mm

Подрачје на примена:

  • За надворешна и внатрешна употреба
  • Заштита на подрумски простории
  • Пред поставување на керамички плочки (наменет за бањи, балкони, тераси и базени)
  • Може да се нанесува на варовноцементни малтери, цементни малтери, кошулки, блокови од лесен бетон
  • Можност да се нанесува на стари керамички облоги, доколку се чисти, носиви и суви
  • Заштита на бетон и малтер од продор на вода низ помали пукнатини предизвикани од собирање
  • Заштита на бетонски површини за време на санација
  • Заштита на бетонски површини од контакт со морска вода и соли за одмрзнување