Награден Конкурс – Cleaneo 2016

Почитувани пријатели, ни причинува задоволство да ве известиме дека распишаваме награден конкурс за ентериери изведени со Кнауф Клинео (Cleaneo) перфорирани плочи.

Ве каниме сите, проектанти, дизајнери, изведувачи, монтери, да ги пријавувате Вашите изведени дела, согласно правилата на организаторот - Кнауф Македонија и во предвидениот рок. Повеќе информации можете да најдете на линкот:

 

http://knauf.com.mk/cleaneo/2016

 

Планирајте ги делата и изведувајте ги со нашите обучени екипи. Исполнете ги строгите критериуми на акустиката и на нашето стручно жири, составено од еминентни архитекти, чии имиња дополнително ќе бидат објавени на страната на Кнауф Конкурсот. Размислувајте за можностите на Кнауф Клинео технологијата за акустична обработка и за прочистување на воздухот во ентериерите и набрзо информирајте се за наградите и жири комисијата на страната на Кнауф Клинео.