Канцеларија за продажба и маркетинг

Канцеларијата на Кнауф во Скопје, како комерцијално-техничка канцеларија ги насочува своите активности кон подигање на информираноста , стручноста и обученоста во делот на сувата градба и примената на фабричките малтери.


Редовните посети кај проектантите, изведувачите и инвеститорите преку размена на информации и стручни дискусии придонесуваат за пронаоѓање на оптимални решенија со Кнауф системите. Постојаниот надзор на објектите е само уште една потврда за грижата на Кнауф кон крајниот корисник/купувач. Со отварањето на новиот Центар за обука се создаваат услови програмата Кнауф уште повеќе да му се доближи на градежништвото. Се организираат стручни собири и симпозиуми на кои се разработуваат различни теми од градежништвото. Преку практични обуки и одржување на семинари Кнауф формира мрежа од квалитетни изведувачи кои може да ги реализираат и најсложените архитектонски замисли. Центарот е место каде средношколците и студентите по архитектура и градежништво, уште за време на своето школување ќе добијат квалитетни информации за современите техники во градежништвото.