Zday – Business Meets Sustainability

Го одбележуваме денешниот Zero Emissions Day со посветено и одговорно работење знаејќи дека нашата одговорност се протега низ целиот животен циклус на производот, а во согласност со нашите вредности кои се засноваат на мисијата и визијата на Кнауф.

Си поставивме амбициозни цели и на долгорочен и на среден рок. Нашата цел е да постигнеме нето-нула јаглерод, да ги намалиме нашите директно контролирани емисии на CO2 на половина и сакаме целосно да престанеме да произведуваме отпад за отстранување од нашите погони.

Прво, ние веруваме во трансформирање на изградената средина. И за да го забрзаме нашето лидерство во одржливоста во индустријата, ние континуирано иновираме за да создадеме решенија кои го намалуваат влијанието врз животната средина и ги прават домовите поодржливи во иднина.

Второ, на секој чекор од нашето работење, се трудиме да ги правиме работите подобро - од природно рекултивирање на изворите на нашите суровини и обезбедување на благосостојбата на заедниците во кои работиме,  до кружна економија низ нашите погони и поддршка на нашите клиенти, добавувачите и партнерите да ги усвојат најдобрите практики за одржливост кои вистински ќе го променат светот.

Една од нашите конкретни активности се поврзани со таргетот да се користи 2% вода помалку во целиот процес на производство, таргет кон кој го прилагодуваме целокупното наше работење и кој успешно го постигнавме оваа година.

Продолжуваме понатаму!

Zero Emissions Day (исто така и ZeDay), се одбележува годишно во многу земји низ светот. Главната порака на овој настан е да и се даде на нашата планета слободен ден во годината. Идејата за создавање на ZeDay му припаѓа на Кен Валас од Нова Шкотска, Канада. Тој се обидел да го иницира настанот заедно со неговите пријатели, но во текот на 1980-тите, раната интернет порака не привлекла големо внимание. Сепак, идејата опстојала и со појавата на социјалните мрежи таа е имплементирана. Денешното одбележување е обликувано во 2008 година, а оттогаш се одбележува секоја година на 21 септември.

#ZeroEmissionsDay #knaufmacedonia #knaufradika #zeday #BusinessMeetsSustainability