W33 Сувомонтажен фасаден ѕид

Кнауф W33 е сувомонтажен фасаден ѕид на единечна потконструкција со плочи Vidiwall HI. Се употребува за изградба на фасади на семејни куќи, хотели, јавни објекти, училишта, болници и секаде каде квалитетот на објектот е на прво место.

Системот поседува својства кои носат битни предности на повеќе полиња. Оптимизираната повеќеслојна структура на W33 обезбедува подобри изолациски перформанси, односно повисок степен на енергетска ефикасност и звучна изолација. W33 ѕидовите се изведуваат побрзо од класичните, а исто така се полесни и потенки, со што објектите добиваат на сеизмичка отпорност поради намалувањето на тежината. Уште еден од адутите на овој систем се неговите противпожарни карактеристики.

Со задоволство можеме да истакнеме дека Кнауф W33 системот е применет на еден од најрепрезентативните објекти во Скопје - хотелот „Мериот“ лоциран на Плоштадот „Македонија“.