Оглас за вработување на Раководител на површински коп и рудник

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со повеќе од 300 производствени капацитети и продажни мрежи во над 90 држави, како и 40,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.

 

Ви нудиме можност за вработување како

Раководител на површински коп и рудник

во Кнауф Радика АД, Дебар

 

     

  Краток опис на работните задачи:

  • Организира и управува со површинскиот коп и рудникот
  • Го спроведува планот за експлоатација
  • Го следи процесот на експлозија и дупчење согласно законските регулативи
  • Одговорен е за квалитетот и количината на суровиот гипс
  • Одговорен е за состојбата и функцијата на рударските машини и опремата
  • Управува и ги координира активностите на тимот во рударскиот оддел (планирање, организирање и следење на тимските активности)
  • Подготовка на редовни извештаи за површинскиот коп, рудникот и дробилката
  • Учество на годишни ревизии од страна на надворешни ревизорни компании
  • Следење на законите и законските регулативи поврзани со законодавството за рударство

  Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование – Рударски или Геолошки факултет
  • Минимум 3 години работно искуство на исти или слични позиции
  • Познавање на MS Office пакет
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија
  • Интерперсонални вештини
  • Лидерски вештини со пристап воден кон исполнување на резултати
  • Одговорност, прецизност и проактивност

  На кандидатите им нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Пријателска работна атмосфера
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

 

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) на ОВОЈ ЛИНК најдоцна до 22.08.2022. Кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои ќе достават комплетна документација ќе бидат повикани на интервју.

 

Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Кнауф дооел Скопје да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на податоци на Кнауф дооел Скопје за регрутациски потреби согласно законските прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот маил: [email protected]