Хотел Ананти во Гангам, Сеул

Ананти во Гангам е високо луксузен хотел кој има дуплекс апартмани, приватни балкони, егзотични отворени и затворени базени, како и приватна градина. Сите 118 соби за гости имаат свои карактеристики и комплетен приватен простор за сместување на четири лица. Одразувајќи луксузен урбан начин на живот, хотелот се карактеризира со елегантен и отмен ентериер во кој доминираат заоблени форми и сводови. Она што особено го издвојува од конкуренцијата се прекрасните базени опкружени со сводови од црвени тули.

Дизајниран од SKM Architects, Ананти во Гангам ги поврзува минатото и сегашноста. Беа потребни речиси пет години од почетокот на изградбата до завршувањето и хотелот беше отворен е за клиентите на 24 јуни 2022 година, по надминување на бројни потешкотии, од кои дел беа решени токму со Кнауф материјали.

При спецификацијата на градежните материјали за хотелот, беше посветено големо внимание за да се обезбеди слобода за креирање на заоблените елементи на дизајнот со адхезив за тули, а истовремено да се гарантира високо ниво на водоотпорност во влажниот простор. Knauf AQUAPANEL® Cement Board Indoor на крајот беше избран како совршено решение за внатрешните ѕидови на базените и спа-центарот во подрумот, вклучително и полуотворените простори.

Дополнително, беше избран и Knauf AQUAPANEL® Cement Board Outdoor за да му обезбеди на архитектот креативна слобода за инспиративниот заоблен концепт на дизајнот. Благодарение на извонредните карактеристики на Knauf AQUAPANEL® Cement Board технологијата, релаксирачката атмосфера на Ананти во Гангнам е присутна и во влажните простории со сводови од црвени тули, што го прави престојот таму уникатно доживување за гостите.

Двата вида Knauf AQUAPANEL® плочи беа применети на вкупна површина од 5.500 метри квадратни.

 

Локација