Хотел Фреја, Струга

Реновирањето, односно реконструкцијата на постојните објекти е посебно интересен сегмент на градежништвото, имајќи ги во предвид предизвиците на конструкцијата, барањата на новопроектираните позиции, санација на површините, итн.

Од пролетта 2021-ва, до пролетта 2022-ра, имавме можност нашите материјали да ги вградиме во еден интересен објект во Струга. Изграден во не толку далечната 1988-ма, по проект на проф. Георги Константиновски како деловен објект на ЗОИЛ Македонија, објектот пред неколку години доби нов сопственик, кој во тој преубав волумен и фасаден израз виде совршен простор за модерен хотел.

Внатрешноста, ослободена до самата конструкција, но и надградена, доби целосно нов распоред на простор, почитувајќи ги оптималните параметри на димензии, звучна, термичка и ПП-изолација на модерни хотелски соби.

За таа цел беа искористени системи и материјали од Premium-сегментот на Кнауф – Knauf Diamant.

 

Во текот на летово, 2022-ра, хотелот ги прими своите први гости, кои уживаат во неговиот комфор.

 

Основен проект: Петко Грујоски, Пеком, Струга

Проект за ентериер: Тијана Мојсовска, Зоран Мојсовски, Струга

Надзор на градежните работи: МБМ Архитекти, Скопје

Изведувач на гипсарски работи: МН-АС, Струга

Испорачувач на Кнауф системи: Кармен, Охрид

 

Кнауф системи:

  • Ѕидови: W112 Diamant, W112i
  • Тавани: D112, D131
  • Облоги: D612, W623, W625

 

 

 

Локација