Кино Манаки, Битола

Кино Манаки е важен дел на менталната мапа на градот Битола. Сместен во градски објект на познатиот Широк Сокак, отсекогаш ја негувал кино-културата во градот на конзулите. Последниве години, градот инвестираше во целосна реконструкција на објектот и враќање на неговата функција.

Основниот проект го работеа Татјана Јосифовска и Дејан Томски од проектантското студио “Пумс Инжинеринг Дооел” од Битола, а изведбените работи беа водени од компанијата Стентон Градба.

Нивната доверба беше доделена на Кнауф материјалите, кои освен за дизајнерски цели, беа искористени и за формирање на акустичната обработка на кино салата.

 

Беа употребени следниве Кнауф Материјали:

  • Кнауф Silentboard, плоча за врвна звучна изолација
  • Кнауф Cleaneo, перфорирани плочи за звучна абсорпција
  • Кнауф гипсени плочи за стандардните спуштени тавани и ѕидни облоги и
  • HeraDesign Superfine A2, на нашата ќерка-фирма Knauf Ceiling Solutions

 

Му честитаме на град Битола за реставрацијата на овој бисер и му посакуваме уште векови продолжување на името на браќата Манаки.

 

Локација