Воден центар, Саланш

Креативните умови на архитектонското студио BVL го искористија AQUAPANEL® за да создадат карактеристична фасада, која личи на стрмни карпести површини, и со својот изглед потсетува на Мон Блан и величествената алпска позадина на објектот, од која е инспириран.

Водениот центар Саланш (Sallanches Aquatic Center) е објект со површина од 3.700 метри квадратни и има капацитет за 650 посетители. Се состои од четири затворени базени, велнес центар, солариум и пространи надворешни плажи. Задачата на архитектите беше да создадат зграда со исклучителни естетски, технички и еколошки квалитети, што ќе остане во рамките на строгиот буџет.

Изведбата на фасадата започна со инсталација на метална конструкција. AQUAPANEL® плочите потоа беа испорачани, беа соодветно исечени на локацијата и беа фиксирани на структурата користејќи специјални додатоци од Кнауф, без потреба за претходно дупчење. Благодарение на брзата испорака на материјалите и нивната лесна употреба, како и техничката поддршка од Кнауф (и во фазата на планирање и на лице место при изведбата), фасадата беше завршена во зацртаниот рок, на почетокот на 2020 година.

Локација