Malerweiss

Внатрешна дисперзна боја.

Кнауф Malerweiss е внатрешна дисперзна боја со одлична покривна моќ и ниски емисии, наменета за боење на ѕидни и тавански површини. Бојата може да се нанесува со ваљак, четка или машински, со помош на Airless машина.

ДЕТAЛИ

  • Внатрешна дисперзна боја според МКС EN 13300
  • Одлична покривност
  • Ниска емисија на испарливи органски соединенија
  • Мат ефект на боја
  • За рачно и машинско нанесување
  • Tонирање според тон-картата Knauf Color Concept 2020

Бојата Кnauf Malerweiss , по подготовката на површината и со соодветен прајмер, може да се нанесува на:

  • Глетувани површини (пр. Biofinish Pro, Biofinish Plus, Super Finish)
  • Гипсени плочи
  • Постојни дисперзни бои

Бојата е наменета за внатрешна примена, на ѕидни и тавански површини на кои се бара висока покривна моќ.

Подготовка на материјалот

Бојата се разредува со максимум 10% волуменски чиста вода. За машинско нанесување може да се разреди и со 15% вода. Бојата темелно се меша со миксер. Алатот, веднаш по употребата да се измие со чиста вода. Пред почетокот на работата, да се провери точноста на нијансата. Во случај материјалот да е од различна шаржа, материјалите треба да се соединат и мешаат до воедначување.

 

Изведба

Бојата може да се нанесува со ваљак, четка или машински, со помош на Airless машина. Бојата се нанесува рамномерно, по цела површина. Секој следен слој да се нанесува на претходно целосно исушен претхосен слој. Времето на сушење а еден слој зависи од температурата и проветреноста на просторијата или цца. 12 часа. Бојата да се нанесува во 2 или највеќе 3 слоја. При температура од +20°C и релативна влажност на воздухот од 65%, бојата ќе биде потполно сува и оптоварлива по 3 дена. Ниски температури и повишена влажност на воздухот го продолжуваат времето на сушење.


Работна температура

Mатеријалот не треба да се нанесува при воздушна температура под +5°C и над 30°C.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Knauf Malerweissфевруари 2021

СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ