Addi

Завршен фасаден малтер засилен со силикон.

Addi е подготвен за употреба, водоразредлив завршен фасаден малтер збогатен со силикон, наменет за системи на контактни фасади со EPS и камена минерална волна.

ДЕТAЛИ

  • Завршен фасаден малтер во вид на паста по ЕN 15824
  • Подготвен за употребување
  • Висока отпорност на временските услови
  • Отпорен на валкање
  • Отпорен на дифузија на водена пареа
  • Наменет за надворешна употреба
  • Бела боја

Припрема:

Пред почетокот на работата заштитете ги сите површини кои се чувствителни и подложни на валкање. Сите свежо нанесени слоеви заштитете ги од влијанието на влага, дожд, пребрзо сушење, директно влијание на сонце и јак ветар, припремете соодветни заштитни мерки, како што се платформи за скеле. Површината мора да биде сува, рамна, чиста и обезмастена. На постојните материјали, како што се на пример, боја или стар малтер, пред употреба воочете го оптоварувањето и компатибилноста со производот Addi и доколку е потребно отстранете ги. Пред поставување на материјалот, малтерот, и / или малтерот за армирање мора да биде потполно исушен. Материјалите односно слоевите кои не се целосно суви можат да предизвикаат оштетување на материјалите што се поставени над нив. Подлогата на Knauf Quarzgrund мора да се исуши најмалку 12 часа пред нанесувањето на фасадниот малтер. Подлогата мора да биде тонирана приближно како и завршниот фасаден малтер.

 

Изведување:

Пред да започнете да аплицирате, треба да ја проверите нијансата. Кај тонираниот фасаден малтер, користете исклучиво материјал од една серија. Доколку материјалот е од различна серија, потребно е материјалите предходно да се соединат и измешаат. Пред употреба на материјалот, истиот потребно е темелно да се измеша со миксер. Конзистенцијата зависно од потребата можете да ја прилагодите со додавање на малку вода. Непосредно после нанесувањето на материјалот рамномерно и без прекини структурирајте со пластична глетарица. Видот на алатките кои се користат може да има влијание на самата структура, затоа после првичното изведување на работите се препорачува и понатамошно користење на истиот вид на алатка. Зависно од потребата на завршната фасада, малтерот Аddi може да се префарба со соодветна Кнауф фасадна боја. Како да се избегне т.н. Неопходно е да има доволен број на потребни изведувачи, на сите работни нивоа долж висината на скелето, ифасадниот малтер нанесете го по принципот мокро на мокро. Веднаш по употребата на алатката за работа темелно исчистете ја со вода.

 

Време потребно за сушење:

Сушењето на материјалот во идеални услови е 1 ден по (mm) дебелина на нанесениот слој на материјал. Доколку има неповолни надворешни температури како и влажност на воздухот, времето на сушење е продолжено. Материјалот во поволни временски услови, ќе биде потполно сув по 14 дена.

 

Температура потребна за работа:

Материјалот не треба да се нанесува на температура на воздух како и на температура на површина под +5°C и повисока од +25°C. Исто така, не треба да се нанесува и на површини кои се загреани.

Downloads

шифраознакадатапреземи
Addiфевруари 2018
Addiјануари 2018