Промоција на Кнауф дигиталната алатка Planner Suite

Архитектот де факто, визави Архитектот де јуре

Одделението на архитекти и Одделението на архитекти урбанисти оваа година ја организираа Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти. Средбата се одржа во објектот на Офицерскиот дом во Битола, на 01. декември и 02. декември 2023 година. Темата околу која гравитираа презентациите и панел-дискусиите на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти беа актуелните во контекстот во кој дејствуваме денес, „Архитектот де факто, визави Архитектот де јуре“.

Активностите од првиот ден на средбата продолжија во НУ Завод и Музеј на Битола, каде во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија беше поместена изложбата на наградените и дел од изложените трудови на 21то и 22то Биенале на македонската архитектура со што се направи навраќање кон традицијата на претставување на архитектонското творештво низ целата држава.

Вториот ден од средбата, Кнауф Македонија беше учесник на настанот со презентација на Кнауф дигиталната алатка Planner Suite.

Ова е втор настан оваа година каде што пред стручен аудиториум од архитекти и урбанисти се презентираше дигиталната алатка на Кнауф, и со гордост може да кажеме дека презентацијата на карактеристиките на алатката, меѓу присутните се следеше со голема заинтересираност.

#Knauf #KnaufDigital #KnaufPlannerSuite