Оглас за вработување во Кнауф Скопје

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со 250 производствени капацитети и продажни мрежи во над 86 држави, како и 35,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.

 

 

Ви нудиме можност за вработување како Комерцијално технички советник за територијата на Република Северна Македонија

 

Краток опис на работата:

  • Познавање на карактеристиките, квалитетот и достапноста на производите
  • Активно познавање на профилот на купувачите и конкуренцијата
  • Организација на продажни активности
  • Промоција на нови производи
  • Организација на обуки, семинари и презентации за сите целни групи
  • Посета на градежни објекти
  • Грижа за купувачите
  • Анализа на пазарот и спремање месечни извештаи

 

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование
  • Минимум 3 години работно искуство во трговија
  • Познавање на продажните процеси
  • Одлично познавање на MS Office пакет
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија

 

Потребни вештини и способности:

  • Ориентираност кон купувачите и кон остварување на целите
  • Преговарачки вештини
  • Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим
  • Желба за учење и напредок
  • Подготвеност за работа на терен

 

На кандидатите им нудиме:        

  • Компетитивна плата
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Пријателска работна атмосфера
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

 

 

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 01.11.2021 на [email protected]. Кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои ќе достават комплетна документација ќе бидат повикани на интервју.