Оглас за вработување во Кнауф Скопје

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со 250 производствени капацитети и продажни мрежи во над 86 држави, како и 35,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.

 

 

Ви нудиме можност за вработување како Инструктор / Демонстратор за програмата сува градба на територијата на Република Северна Македонија

 

Краток опис на работата:

  • Организација на обуки, семинари и презентации за сите целни групи
  • Организирање и изработка на мустри на објекти и продажни места
  • Техничка поддршка на објекти
  • Професионално советување и сервисирање на постоечките купувачи / изведувачи
  • Воспоставување и одржување на добри деловни односи со монтери за сува градба

 

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование, пожелно е техничка насока
  • Минимум 3 години практично работно искуство од областа на сува градба
  • Претходно работно искуство во продажна компанија ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на производите и на пазарот
  • Солидно познавање на MS Office пакет
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија

 

Потребни вештини и способности:

  • Комуникациски вештини и способност за вршење презентации
  • Ориентираност кон купувачите и кон остварувањето на резултати
  • Подготвеност за работа на терен
  • Работа во тим

 

На кандидатите им нудиме:        

  • Компетитивна плата
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Пријателска работна атмосфера
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

 

 

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата биографија на [email protected] или да се јавите на телефон 071/390-858, најдоцна до 31.08.2022. Кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои ќе достават документација ќе бидат повикани на интервју.”