Обука дел 2 – Иновации и напредок во градежништвото со сувомонтажните системи

Обука дел 2 - Иновации и напредок во градежништвото со сувомонтажните системи

Сувомонтажните системи се претставници на модерните технологии на градба. Со нив, но само со правилна употреба, се постигнуваат врвни нивоа на комфор во објектите. Врвни звучна и термичка изолација, ПП-заштита, максимални висини и уникатни облици. Но, повторно, само ако се испочитувани начелата на планирање и монтажа.
Ова е втората обука, која може во живо да ја проследите во Четврток, на 2-ри Ноември, во 14:00 часот. Видеото од првата обука набрзо ќе биде достапно на YouTube каналот на Кнауф Македонија.

На втората обуката ќе бидат разработени следните теми:

  • Основни системи на ѕидни облоги (статика, естетика, градежна физика)
  •  Систем за суво малтерисување (лепење на плочи)
  •  Облоги на поткровје
  • Изолациски материјали во системите и правила на контрола на пародифузијата
  • Подни системи
  • Нормативи на пресметка и наплата на елементи во сувата градба
  • Атестна документација за потврда на квалитетот на изведените системи

Доколку имате прашања од вашата пракса, слободно испратете ги на [email protected] и одговорите на истите ќе бидат вклучени во презентацијата.

Пријавете се на линкот:  ПРИЈАВА ЗА ОБУКА

Не пропуштајте ја оваа одлична можност да го подобрите вашиот капацитет за сува градба. Се надеваме дека ќе се приклучите и ќе ја споделите оваа информација со вашите колеги и соработници.

Ве очекуваме на обуката!

#СуваГрадба #Иновации #Градежништво #Обука #СувомонтажниСистеми