Обука дел 1 – Иновации и напредок во градежништвото со сувомонтажните системи

Обука дел 1 - Иновации и напредок во градежништвото со сувомонтажните системи

Сувомонтажните системи се носители на иновациите и напредокот во градежништвото. Со нив, можеме да постигнеме несомнено врвни нивоа на комфор и ефикасност во објектите кои ги градиме. Овие системи нудат одлична звучна и термичка изолација, ПП-заштитата, максимални висини, уникатни облици, како и многу други предности, и важно е да се почитуваат принципите на планирање и монтажа.

За да ги разгледаме овие аспекти подетално, планираме две обуки на темата. Првата обука се одржува овој Четврток, на 19-ти Октомври, во 14:00 часот, а втората обука ќе биде на 02.11.2023.

На обуката, ќе се разработат разни теми, вклучувајќи ги типовите на профили во сувата градба, различните видови на гипсени плочи и нивната примена, технологиите и нивоата на обработка на споеви, основните системи на преградни зидови, спуштени тавани и зидни облоги. Одделно, ќе разгледаме изолациските материјали во системите, контролата на пародифузијата и нормативите за пресметка и наплата на елементи во сувата градба.

Пријавете се на линкот:  ПРИЈАВА ЗА ОБУКА

Не пропуштајте ја оваа одлична можност да го подобрите вашиот капацитет за сува градба. Се надеваме дека ќе се приклучите и ќе ја споделите оваа информација со вашите колеги и соработници.

Ве очекуваме на обуката!

#СуваГрадба #Иновации #Градежништво #Обука #СувомонтажниСистеми