Обука во Дебар за постојано подобрување и збогатување на техничките и изведбените знаења на изведувачите

Кнауф како компанија е посветен на постојано подобрување и збогатување на техничките и изведбените знаења на изведувачите. На крајот на минатата недела беше организиран и одржан еден таков настан, обука за новитетите во системите на Кнауф и унапредување на техничките знаења на изведувачите. Обуката беше наменета за изведувачи кои работат со сувомонтажни системи и со системи за малтерисување.

Групата на изведувачи ги посети рудникот Радика, производната линија на фабриката и тренинг центарот во Дебар. Имаа прилика да се запознаат со најновите иновации и развој на производите, а стекнаа знаења и искуства што понатаму ќе ја подобри нивната работа и резултатите на нивните проекти.

Истовремено, овој настан ни обезбеди одлична можност да се запознаеме со потребите и предизвиците со кои се соочуваат нашите клиенти и партнери на градежните градилишта во Македонија.  Дознавме за нивните потреби и очекувања, и нашата цел е да успешно одговориме на најновите предизвици во градежништвото и да им излеземе во пресрет на практичарите од македонските градилишта.

Сметаме дека овој вид на обука и размена на искуства е од суштинско значење за развојот на нашата компанија и за подобрување на квалитетот на услугите и производите кои ги нудиме.

#Knauf #Radika #Debar #Macedonia #obuka