Модуларни тавани
со Cleaneo Akustik Tiles

Кнауф системот на спуштени тавани со тавански плочи Cleaneo Akustik Tiles се модуларни спуштени тавани, идеални за „криење“ на разни инсталации, кабли и вентилациски канали. Дополнителни уреди како што се детектори или светла, исто така може да се инсталираат во овие тавани. Покрај тоа, системот може значително да ја подобри акустиката во просториите.

Таванскиот систем се состои од закачена решетка (изработена од лесни метални профили Т15 или Т24) и Cleaneo Akustik Tiles. Главна карактеристика на Cleaneo акустичните плочи е нивната висока способност да апсорбираат звук и да го редуцираат ехото. Затоа овие акустични плочи се идеални за училишта, канцеларии, конференциски сали и слично.

Освен тоа, Cleaneo Akustik Tiles во нивното гипсено јадро содржат вулкански минерал „зеолит“. Благодарение на неговиот голем капацитет за размена на јони, „зеолитот“ спроведува каталитички процеси на распаѓање на штетни гасови во просториите.

 

Процесот на монтажа на спуштен таван со тавански плочи Cleaneo Akustik Tiles, со детални инструкции, можете да го видите во ова видео: