Knauf Werktage, Мајнц, Германија, Мај 2023

Knauf Werktage e централен светски настан за промоција на новите Кнауф материјали и системи. Тоа е всушност серија на саемски презентации кои во еден месец патуваат низ неколку големи герменски градови и претставуваат уникатно место да се запознаете со сé што е ново во Кнауф групацијата. Гипсени системи, системи за изолација, нови системи на преградни и фасадни ѕидови, акустични решенија, противпожарни решенија, итн. На 25-ти Мај, на Knauf Werktage во Мајнц можеа да се сретнат и Македонски соработници предводени од колегите од Кнауф Скопје. Дознаа за новините кои се применливи и во македонското градежништво и веќе почнаа да ги применуваат на своите објекти.