Вибер квиз
„Покажи го твојот мајсторлук“

Драги пријатели, мајстори, монтери, молери…

Од месец Јуни почнуваме со забавен и едукативен Вибер квиз.
Можете да се приклучите и да учествувате на овој линк: https://my.subscribe.bg/knaufmk

Еднаш неделно ќе Ви поставуваме по едно прашање на кое Вие може да го докажете вашиот мајсторлук и да ги проверите вашите знаења.

Се одговара едноставно, со допирање на полето со еден од понудените одговори.

Решението ќе ви се појави веднаш потоа и ќе проверите дали сте одговориле точно.

Лесно, брзо и едноставно.

На крајот од годинава, после 25 прашања, во Декември, ќе прогласиме победници, а ќе доделиме и симболични награди.

Правилата се едноставни:

  • Секое точно одговорено прашање носи 1 поен
  • Максимален износ од поени од точни одговори ќе биде 25
  • Резултатите ќе може да се следат преку избирање на полето „Вибер Квиз резултати“
  • Секој може да се освои дополнително 5 поени со поканување на пријатели кои не се дел од нашиот Кнауф МК Вибер канал во моментот, и тоа по 1 поен за поканет пријател во квизот, и така до крајот на квизот може да се достигне до вкупно максимум 30 поени. Во Декември ќе провериме дали Вашите поканети пријатели се сеуште на нашиот канал и ќе ви ги доделиме поените.
  • Организаторот на овој Вибер канал и квиз има право да направи измени во правилата на игра во текот на траењето на квизот, во зависност од потребите.
  • За освоени 15 поени добивате Кнауф маичка, метро или капче.
  • Најдобрите играчи мајстори ќе добијат Кнауф производи!

Учествувајте, споделувајте со пријателите мајстори и имате можност за забава и добивање некоја мала награда.

Ако не сте заинтересирани да го играте квизот, може лесно да излезете од истиот, а при тоа да останете на Вибер каналот на Кнауф Македонија за да продолжите да добивате корисни информации за производи и системи на Кнауф, разни промоции, новости и сл.