Семинар за фасадни системи

Семинар за фасадни системи

Планот на настани годинава го започнавме со организирање семинар за фасадни системи. Семинарот се одржа на 25 јануари, во нашиот тренинг центар во Скопје. Нашиот колега Александар Николовски пред 25 изведувачи ја одржа едукацијата за фасадни системи од Кнауф. На семинарот стана збор и за линиите производи на гипсани малтери и на глет маси од Кнауф, посебно за производоте MP75L, Biofinish и BiofinishPro.

Фокусирани на создавање решенија кои ќе помогнат да се реализира визијата за квалитетна градба, намерата на Кнауф е преку семинари и предавања да собере експерти кои ќе придонесат во реализацијата и ќе станат дел од визијата на Кнауф.

Затоа, Кнауф Македонија веќе трета деценија директно комуницира со изведувачи, со архитекти и дизајнери, за да овозможи модерна и лесна изградба на врвни достигнувања од светот на архитектурата со своите производи.

#KnaufMacedonia #фасади #fasadi #knauf