Кнауф пошумуваше во Малешевијата

Тимот на Кнауф од Скопје, со неколку колеги од Дебар, го искористивме убавото време викендов позади нас и организиравме садење на 100 дрвца во близината на Берово.

 

Малешевијата во август беше погодена од големи пожари од кои изгоре многу шума. Овие 100 садници нема да надоместат многу но сакавме да ја потсетиме јавноста дека ваквите организирани акции од фирми и организации, ако се во поголем број и координирани, можат да помогнат во обновата на шумскиот фонд кој е богатство на овој крај по кој тој и е препознатлив.

 

За организацијата посебно им благодариме на Македонски шуми, ПШС Малешево, од Берово и посебно на нивниот вработен Горан Белчовски кој ни помогна во изборот на локација, вид на дрвца и техника на садење. Посебна благодарност и до г-ѓа Дина Муцунска, генерален менаџер на хотелот Манастир од Берово кои беа добри домаќини и организатори на нашиот престој во овој преубав дел од Македонија.