Кнауф грундови за совршени површини

Како да се избегнат пукнатини на ѕидовите и таваните и како да се осигура долготрајно зачувување на квалитетот на површината? Кануф има решение!

Со грундовите на Кнауф се обезбедува совршена естетика на малтерисаните површини и нивна долгорочна заштита. Да ја земеме како пример комбинацијата на Grundiermittel и гипсениот глет малтер MP75 L. Денеска ви претставуваме интересно видео во кое се гледа огромната разлика при малтерисување со и без грунд како подлога.

 

 

 

Grundiermittel е дисперзијски премаз од вештачки смоли со висока алкална постојаност. Се применува пред нанесување на MP75 L малтерот.

Кај ѕидови од керамичка тула ја изедначува основата и го оптимизира врзувањето при различни дебелини на малтерот. При поголеми температури овозможува лесна обработка на малтерот.

Кај ѕидови од сипорекс ја намалува водовпивливоста на основата од Yтонг, сипорекс и др. При тоа не може да дојде до прегорување на малтерот (да ја изгуби водата како последица на овие силно впивливи материјали).

 

Начин на употреба:

  • Се разредува со вода 1:3
  • Се нанесува со четка, ваљак или рачна пумпа под притисок
  • Потрошувачка 100g/m2 неразреден.
  • Пакување 15kg

 

Заштитете го убавото! Со грундовите на Кнауф остварувате долготраен квалитет. И секако, долготрајно задоволни клиенти.