Eдукација за најновите трендови во градежништвото

Eдукација за најновите трендови во градежништвото

Образовните активности со ученици во нашиот едукативен центар е еден од нашите приоритети на кој им посветуваме големо внимание. Посетата на учениците од Средното градежно училиште на град Скопје "Здравко Цветковски" на Кнауф Скопје минатиот петок е една од нив.

Учениците, кои се во завршна година на насоките за "Архитектонски техничар" и "Техничар дизајнер за внатрешна архитектура", предводени од предметната професорка Милена Марцекиќ, добија можност да слушнат за напредните методи и технологии во градежништвото. Нашиот колега Блажен ги запознаа учениците со најновите трендови во областа на архитектурата и дизајнот на внатрешните простории, истакнувајќи ги предностите на сувата градба. Присутните ученици имаа можност да се запознаат со иноватините решенија од Кнауф и ативно учествуваа во настанот.

Се надеваме дека ова искуство за учениците е основа за усовршувањето на нивните знаења и ги поттикна да ги истражуваат и применуваат најновите технологии во областа на градежништвото и дизајнот.

 

 

 

#Knauf #KnaufAkademija