Годишна средба Кнауф и Партнери

Годишна средба Кнауф и Партнери

Задоволство ни е да го објавиме успешното завршување на годишниот состанок Кнауф и Партнери, кој се одржа на 13-ти и 14-ти октомври 2023 година во Охрид.

Овој собир беше значаен настан на кој нашите деловни партнери и менаџерите на Кнауф Македонија се собраа за да разменат идеи, искуства и најдобри практики во нашите заеднички напори. Состанокот го отвори г-дин Тодор Деловски, Менаџер на Кнауф за Источна Европа – Југ. Mаксимално ги искористивме овие два дена за да ја споделиме и обликуваме нашата идна соработка.

Презентациите и дискусиите беа на теми како што се ретроспектива на нашите продажни активности во 2023 година, предизвиците со кои се соочувавме и успесите што ги постигнавме. Воспоставените знаења ги дефинираа нашите продажни приоритети и маркетинг стратегија за 2024 година.

Многу ја цениме значајната одговорност и учество на сите присутни на овој настан. Директната инволвираност и ангажман на партнерите ни значат многу и го одразуваат успехот на нашата соработка.

Соработката со нашите партнери е од клучно значење за нашиот успех и развој. Се радуваме на идните средби и можности за соработка и ќе продолжиме успешно да го градиме и развиваме нашето партнерство и во иднина. Уверени сме дека заедно ќе постигнеме уште поголеми успеси.

#KnaufMacedonia #annual #meeting #Ohrid