Креираме позитивни промени во нашата заедница

Креираме позитивни промени во нашата заедница со засадување на дрвја

Кнауф Македонија како покровител и како учесник се приклучи на повикот на организаторот на акцијата Сончева гора, за засадување на дрвја во прекрасниот Дебар.

На 6 март 2024 година, на 2 локации на булеварот Илирија и плоштадот Скендербег во Дебар, беа засадени 60 дрвја. Волонтери од Кнауф Скопје и Кнауф Радика од Дебар учествуваа во акцијата за пошумување која е во организација на Man and Mountain и општина Дебар, а денес, на 7 март, се засадуваат уште 20 садници од видот на липа Тилија во на уште 2 локации, новата градинка и старата депонија.

Им благодариме на Гордана и Ханес од Man and Mountain за повикот, а на градоначалникот на Дебар Хекуран Дука за поддршката, без кои оваа акција немаше да се оствари.

Оваа акција на засадување не само што е во согласност со нашите вредности како компанија, туку и го нагласува нашиот ангажман кон одржливоста и заштитата на животната средина. Со секое засадено дрво, ние го претвараме нашиот ангажман во конкретни дејства, креирајќи позитивни промени во нашата заедница и околина.

Инвестираме во заштитата на природните ресурси, она што е добро за планетата, за заедницата и за луѓето, во изградбата на подобро утре за сите нас, што е една од вредностите на Кнауф 100 визијата, да ја направиме утрешнината дом за сите нас, “To make tomorrow a home for all of us”.

#KnaufRadika #KnaufMacedonia #Knauf #Debar #sonchevagora #generalkaweekend #treeplantation #environment