Споделено знаење, соработка и колективна потрага по извонредност во архитектурата и градежништвото

Споделено знаење, соработка и колективна потрага по извонредност во архитектурата и градежништвото

На 30-ти Ноември, во белградскиот хотел Hyatt Regency се одржа 11-тата Кнауф Академија, во организација на колегите од Кнауф Србија.

Настанот беше организиран во две панел сесии, и на него учество земаа реномирани српски архитекти кои зборуваа за своите искуства со модерните барања и очекувања од проектирањето и градењето на деловни, и канцелариски објекти и хотели.

Кнауф Македонија гостуваше на настанот со група искусни и квалитетни македонски архитекти, кои ги разменија своите искуства со колегите од регионот.

Дел од настанот беше и посетата на објектот на стариот Хотел Бристол, кој во моментов темелно се реновира и очекуваме наскоро во нов сјај да засвети и во градската мапа на Белград и во референтната листа на Кнауф.

11-та Кнауф академија ги надмина конвенционалните граници на професионален собир. Тоа беше прослава на споделеното знаење, соработка и колективна потрага по извонредност во архитектурата и градежништвото.

#Knauf Serbia #KnaufAcademy #KnaufMacedonia