Ревизиони отвори во сува градба

Модерните објекти во себе кријат илјадници метри инсталации. Секоја од нив со цел да ни го зголеми комфорот на живот. Вода, електрична енергија, ладење, греење, мрежи за комуникации, забава, контролни механизми за инсталациите, итн.

Во овој потенцијален проблем лежи и еден од поинтересните скриени адути на Кнауф сувата градба - можноста за непречен контакт со инсталациите.

Низ Кнауф системите (ѕидови, облоги, тавани...) лесно се спроведуваат сите овие инсталации, а широката палета на ревизиски отвори ја овозможува непречената контрола над нив.

Во нашата палета се вклучени ревизии со стандарден формат:

  • 200/200mm
  • 300/300mm
  • 400/400mm
  • 500/500mm и
  • 600/600mm

Но и ревизии со димензии по мерка, достапни во најскор можен рок.

Секако, сите ревизии мораат да ги испочитуваат и барањата на градежната физика на позицијата во која се вградуваат, па така, освен што секоја ревизија е влагоотпорна (може да се вградува во влажни простории) имаме и:

  • Противпожарни ревизии (30, 60, 90, 120min)
  • Ревизии за мокри простории (цементни, Aquapanel ревизии)
  • Ревизии отпорни на прскање со вода (со механизам за заптивање)
  • Ревизии со звукоабсорбентни плочи (Cleaneo)
  • Ревизии за специјални намени (Рентген, механичка отпорност, со заклучување, итн)

Секоја ревизија доаѓа со прецизна алуминиумска рамка со лесна монтажа, а REVO е дополнителни засилена со употреба на Diamant плоча за врвна механичка отпорност и трајност.

Имаме соодветна ревизија за секој систем, а и за секоја дебелина на гипсена облога.

Никогаш повеќе не ги ограничувајте вашите проекти и дизани. Во секој од нив Кнауф ќе овозможи пристапност и практичност.

 

 

Анимација од монтажа на ревизиски отвор со атестирана пожарност од 90 минути.