Бања

ПРЕДИЗВИЦИ ВО БАЊАТА

Кога наутро целото семејство ќе се изреди во тоалетот за туширање и миење, за кратко време се прави голема влага во просторот. Често нема ни време измеѓу користењата да се излуфтира просторот. Уште потешко е кога бањите не ни имаат прозорци. Но модерната сува градба има решенија и за овие услови. Импрегнираните гипсени плочи, лесно воочливите по својата зелена боја се дел од решенијата за вашите велнес оази од соништата.