Кнауф Радика АД Дебар доби признание за заштита на здравјето и безбедноста при работа

Овогодинешната „Европска недела за безбедност и здравје на работното место“ имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на здрави работни места.

По овој повод, на 28 октомври 2022 година во Скопје, Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија ѝ додели награда на Кнауф Радика АД Дебар за „Најдобар систем за заштита на здравјето и безбедноста при работа“.

Честа да ја добие наградата во име на Кнауф Радика АД Дебар ја имаше директорот на фабриката Абди Довољани. Присутни беа и г-дин Тодор Деловски, регионален генерален директор на Кнауф Исток-Југозапад, како и г-дин Арбен Колари, одговорен за здравствениот и безбедносниот систем во фабриката.

Убаво е чувството да се биде признаен и награден, но најважно ни е тоа што знаеме дека нашиот систем функционира и дека нашите колеги се безбедни на работните места.